Сместување 24 часа во денот и 7 дена во неделата

Отворена рецепција за сместување 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

Појадок и традиционални готвени јадења

Уживајте во традиционалните готвени јадења кои Ви ги нуди ВилаГора.

Детска игротека - Едукација и забава за најмладите гости

Комплетно опремена игротека за забава на вашите деца.

За Вила Гора

ВИЛА ГОРА е реномиран угостителски објект во Крушево кој својата дејност ја обавува од 2005 година. Располага со 12 двокреветни, трикреветни и четирикреветни соби, ресторан и друштвени простории. Сместена во хотелската зона, на самиот раб на боровата шума во близина на крушевската корија, ВИЛА ГОРА на своите гости им нуди удобно сместување и исхрана и лесен пристап со автомобил до сопствен паркинг; целосна опуштеност во урбаната, а сепак природна средина, но и активен одмор во слободните часови, зашто на дофат се многубројните културно-историски знаменитости со кои Крушево изобилува, како и природните реткости во блиската околина кои нудат незаборавни прошетки, спорт, рекреација...

Доживувањето е вистински предизвик! Не пропуштајте го!

 

ВО ИМЕТО НА ВИЛА ГОРА...

Во името на ВИЛА ГОРА ве поздравува семејството ХРИСТОСКИ од Крушево кое е основач и носител на дејноста. Нашата цел е високо-квалитетна угостителска услуга и туристичка понуда достојна на современите потреби. Заедно со Туристичката агенција СКАУТ од Скопје го основавме истоимениот ски-центар во Крушево, ги ставивме во функција скијачките терени на Станич и ја обновивме расположливата инфраструктура: жичница, ски-лифтови, ресторан... Но, нашата дејност оди понатаму, сè додека дозволува широката и комплексна рамка на туризмот...

Повелете – ќе се уверите!


Вила Гора - Актуелно

Планинска прошетка - Жичница, Станич

zicaraОваа месност е позната по зим­ските спортови. Се најдува на запад од Крушево веднаш зад Коријата, а до таму се стигнува со жичница во сопственост на Вила Гора која поаѓа од самиот град...

Повеќе

Посета на Галерија “Никола Мартиноски”

Галеријата на слики на доаје­нот на современата македон­ска ликов­на уметност - Никола Мар­ти­но­ски е една од содржините што најто­пло му ја препорачуваме на разгледу­ва­ње на секој посетител на Крушево. Оваа уметничка галерија е смес­тена во објект кој плени со своја­та убавина и е вистински бисер на кру­шевското градителско наследство...
Повеќе

Крушево во Пролет

Крушево во Лето

Крушево во Есен

Крушево во Зима